Од ден во ден се повеќе за угостителите не се дозволува или попросто кажано „е забрането” да се има достап и да се користат т.н. државни или владини „респиратори со кислород”, велат од Независната угостителска комора, од каде додаваат дека истите  реално се резервирани исклучиво за локомотивите на четирите најголеми комори, со што, според НУК, се укажува на тоа „да се соочиме со вистината дека сме оставени сами на себе и сопствениот имунитет да се справиме и избориме со пандемијата ковид-19“.

И покрај тоа што Владата и коморите со овој Меморандум за соработка СЕ ДЕКЛАРИРААТ за постигнување на голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка помеѓу бизнис заедницата и Владата, како и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата истите НЕМААТ НАМЕРА ДА ДОЗВОЛАТ ПРИСТАП НИТУ ДА ГИ СЛУШНАТ ПРЕДЛОЗИТЕ И РЕШЕНИЈАТА на други комори ниту на НУК за спас и опстанок на угостителите, угостителската индустрија и угостителските работници.

АКО ОВА НЕ Е ВАКА ЗОШТО ТОГАШ КОМОРИТЕ И ВЛАДАТА СЕ ПЛАШАТ ОД НОВИ ЧЛЕНКИ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЈАВНО – ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЧЕТИРИТЕ СТОПАНСКИ КОМОРИ И ВЛАДАТА, прашуваат од НУК.

Од НУК прашуваат и што е тоа што се договараат или сакаат да договорат претседателите на најголемите комори позади затворена врата заедно со Владата во кој дијалог најзагрозените, најбројните со најголем број вработени не може, не смеат и не треба да учествуваат и да го знаат сето тоа?

Проектот што е рекламиран како Проект поддржан од канцеларијата на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива не го нуди веќе она за кое е создаден и промовиран.

Со цел да ја дознаеме вистината прашуваме дали Владата или коморите смеат јавно да ги објават записниците од оддржаните седници односно состаноци на Комисијата за јавно приватен дијалог (ако воопшто постојат) како и целокупната коресподенција која во изминатиот период се одвивала помеѓу Владата, оваа Комисија и коморите.

Веруваме дека финансиската поддршка која е направена од страна УСАИД е навистина за намерата за поотворено општество со цел да се слушне гласот на бизнис заедниците, институционалното поврзување на засегнатите чинители во процесот на донесување нова и промена и усогласување на постоечката регулатива која ја засега реалната и загрозената во денешно време бизнис заедница, а не да се групира, селектира и формира ЕКОНОМСКО ЛОБИ НА ЛОКОМОТИВИТЕ под патронат на Владата и Претседателите на т.н. најголеми комори.

Дали изјавата дадена пред извесно време од Претседателот на Владата со која кажува дека: “Се работи за една комплексна насоченост на Владата со јасна визија што сака да постигне, прво треба да знаат компаниите кои што животарат, кои се во загуба, ќе ги оставиме, ќе пропаднат, затоа што ниту во Европа е одржливо, ниту на друго место. Целиот капацитет ќе биде насочен на ЛОКОМОТИВИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО“ всушност се однесува на локомотивите што ги застапуваат овие комори како нивни членки и покровители или треба ние останатите новосоздадени комори да се поставиме како регулаторно тело и да ги потсетиме и едните и другите да се вратат на концептот и идејата заради која е формирана и поддржана оваа платформа и комисија согласни изјавите и намерите на УСАИД а ги засега секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија, се вели во соопштението.

Од НУК потенцираат дека угостителите и угостителксата индустрија во пресрет на деновите кога им следи финансискиот колапс заслужуваат и имаат право да знаат дали и на кој начин се претставени пред Владата и на кој начин се планирани и вклучени во идните мерки за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.