Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска на Фејсбук.

Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. Денеска на владина седница донесовме измена на уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место!, стои во објавата на министерката.

Како што појаснува дека во насока на заштита на микро и мали фирми се отстранува условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката и бројот на вработени треба да се задржат два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020

Повеќе информации за мерката, аплицирањето и условите bit.ly/merka-14500

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.