Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции. Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупнуите директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нива инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста. За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот. Бројот на работните места уште сега опаѓа, а тоа го покажуваат и релевантни институции. Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %.  Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Заев покажува невиден аматеризам и ја става иднината на државата во раце на луѓе кои немаат план и не знаат како.

-Македонија како последица на лошите политики е симната на листата на Дуинг бизнис, каде своевремено беше на високото 10 место, а сега е на 17 место, со ваква влада уште ќе паѓа, а бројот на компании кои би се решиле да дојдат во Македонија се повеќе ќе се намалува. СДСМ ниту има план, ниту стратегија што со Македонија. Колку повеќе е Заев на власт толку поголеми ќе бидат штетите по државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.