Пред два дена беше обелоденето дека менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Србија и Македонија од можноста за инвестирање во овие две земји, а наскоро ќе одлучи дали ќе инвестира околу 2 милиони евра во Турција или Бугарија.

Оваа можна инвестиција беше помпезно најавувана од владата на Зоран Заев, како завршена и договорена работа, но челниците на оваа моќна компанија решија дека Македонија и не е баш погодна за да се вложува во неа. Република побара став од владата по повод „корпата“ на Фолксваген за Македонија, и праша дали имаат добиено официјален став од оваа автомобилска компанија, но два дена нема одговор оттаму! Владниот портпарол најави дека одговор ќе добиеме на нашите прашања, но изгледа тешко им е да признаат дека нема ништо од нивните ветувања, па тоа се покрива со молк.

Инаку „Фолксваген“ ги именуваше Турција и Бугарија како финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили. На почетокот на годината геманскиот автомобилски гигант објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.
Првично, листата на потенцијални домаќини на компанијата вклучуваше пет земји, но компанијата оттогаш го намали изборот до Турција и Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.