Анализа на порталот „МETA“ покажува дека за Владата имплементацијата на Законот за кривична постапка е поголем приоритет отколку изградбата на нови клиники и реконструкцијата на студентските домови.

Со предлог-ребалансот на буџетот за Министерството за здравство во потпорграмата „Изградба на нов Клинички центар во Скопје и Штип“ има намалување на сумата од 583.375.000 денари (9,4 милиони евра) на 204.900.000 денари (3,3 милиони евра).

Намалување на парите има и кај потпрограмата „Реконструкција на ученичките домови“ кај Министерството за образование и наука од 30.000.000 денари (487.000 евра) на 5.000.000 денари или 81.000 евра.

Но, затоа, кај Јавното обвинителство има зголемување на парите од 3,7 милиони евра н а 4,6 милиони евра, покажува анализата на „МЕТА“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.