Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за привремено ограничување на преносот на пари во вториот пензиски фонд беше одбиен на последната владина седница.

Во соопштението на Владата, предлогот на опозицијата се оценува како штетен за осигурениците и од тие причини велат не е прифатен.

„Со Уредбата е предвидено од април до крајот на 2020 година да не се врши уплата на задолжителниот дел од придонесот за пензиско осигурување на осигурениците во приватните пензиски фондови, а истиот да се компензира на сметките на осигурениците во период од три фискални години, започнувајќи од 2022 година. Како Влада којашто е одговорна кон секој поединец во државата сметаме дека е неодговорно да се манипулира со средствата на граѓаните“, соопштија од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.