Владата на денешната 55-та седница ја донесе Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) по општини за 2023 година, информира владината прес-служба.

Согласно Уредбата, Министерството за финансии подготвува пресметки на распределба на приходите од данокот на додадена вредност наменети за општините, при што средствата од дотацијата се распределува на фиксен дел во износ од 3 милиони за сите општини и Градот Скопје и променлив дел кој се распределува според математичка формула во зависност од површината и бројот на жители и населени места во секој општина.

– Со Уредбата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2023 година се остварува континуитет во придобивките од фискалната децентрализација за дополнителна финансиска самостојност и ефикасност на локалните самоуправи за да бидат поблиску до граѓаните и за повисок степен на економски развој на локалните заедници, се додава во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.