Работната сабота ја завршуваме доцна, но со повеќе одлуки на Владата во интерес на граѓаните, напиша вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси,Љупчо Николовски на фејсбук.

За капиталниот проект во македонскиот Исток, брана на река Отиња со придружни објекти, Владата даде согласност за поддршка со буџетски средства, 7,5 милиони евра во следните три години:

Во 2021 година –160 милиони денари.

Во 2022 година –150 милиони денари и

Во 2023 година – средства во износ од 150 милиони денари!

Во реализацијата на овој проект важен за штипјани, но и за целиот Исток сум особено горд и силно го поддржувам, уште кога бев министер за земјоделство од каде што започна целата владина поддршка која продолжува. Македонскиот исток и граѓаните го заслужуваат тоа!, напиша Николовски.

Работната сабота ја завршуваме доцна, но со повеќе одлуки на Владата во интерес на граѓаните.

🏗️ За капиталниот проект…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Saturday, 16 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.