Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, по идниот понеделник, ќе излеземе на протест – соопшти претседателот на здружението, Дане Јошев.

Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање.

Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.

Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите – најави Јошев на прес-конференцијата во Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.