Еден бизнисмен ми призна. Вели мојата компанија учествуваше на еден државен тендер и го доби. Отидов да се договорам за понатамошната реализација на моите обврски како компанија, кога луѓето од таа институција ми велат па и не баш дека сте победник на тендерот. Тоа е само едниот чекор, другиот за да вистински ја добиете рабтата ќе мора да се сретнете со еден човек близок до власта, и тоа не таму во институцијата туку во еден хотел во еден град во Македонија, таму е вистинскиот давател на бизнисите. Излегол човекот зашеметен од тоа што го видел и чул, со неверување. Значи освен исполнетите услови од институцијата за да добиете тендер треба да ги исполните и условите на картелот на власт, а таму авантата игра најголема улога и тоа е најсилниот критериум. И затоа Македонија ќе е на 112.место на иднексот на корупција заедно со Етиопија и Танзанија и затоа корупцијата е на секое ниво, од најниско од највисоко. Овде не се важни критериумите за квалитет и цената туку авантата за оние од власта – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 27. Годишна конферемција на УМС.
Тој додаде дека оние кои дадат некакви ветувања, ќе се колнат и ќе бараат да им верувате, и подоцна ве излажат и изневерат, тие се викаат измамници. А измамници ни ја водат државата.
Ветуваа живот, а донесоа само страдање. Му го кратат лебот на народот поскапувајќи го, цената на горивата вртоглаво расте, а економијата тоне. И нема никако да биде подобро туку само полошо. Нема проекти, нема визија. Нема патишта, нема нови болници, нема спортски сали, нема ништо од ветувањата за поврат на ддв и фамозната 13та плата која ја ветуваа дека ќе се добива, нема ниту 500 евра просечна плата, ниту 1 500 евра плата за докторите, ниту пак проекти за младите. Нема покачени стипендии, ниту пак пензии. Ова е анти економска и антиреформска влада. И веќе знаете дека лажат и не остваруваат – рече Мицкоски.
Потоа Мицкоски се осврна на гласините дека премиерот Зоран Заев ќе се кандидира за претседател.
И затоа Заев ќе го потурнуваат и храбрат за да се кандидира за претседател на државата затоа што така мисли дека ќе може да избега од одговорноста за се ова што и се случува на државата, за сите лажни и неостватварени ветувања, за сите неправди, ќе му порачам да не се лаже. Тоа е билет во еден правец, а одговорноста ќе го стигне. Бил премиер или не. Таа ќе си дојде. Затоа што вистинска правда мора да завладее, па дури и за Заев – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.