Дали е праведно да се оданочуваат само оние коишто ги почитуваат законите? Дали е нормално да се врши државен терор само на добрите плаќачи на данокот во Македонија? Што направивте вие како партија и како Влада во овие четири години за сузбивањето на сивата економија, на црната економија во Република Македонија – го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, владејачкото мнозинство на собраниска седница.

Велјановски додаде дека во Република Македонија повеќе од 40-тина проценти отпаѓа во сивата економија. Велјановски истакна дека тоа е нормалност кога СДСМ е на власт, односно дека тогаш единствено расте сивата економија, корупцијата и перењето на пари.

Денес единствено растат фамилијарните бизниси на Заеви, Анѓушеви итн. И додека на црно нерегистрирани фирми во Република Македонија не плаќаат ниту денар во Буџетот, семејни фирми се затвораат за тоа што немаат никаква поддршка од државата – изјави Велјановски.

Тој посочи дека повеќе од 6.300 компании за една година ги затвориле своите бизниси, а повеќе од 50.000 луѓе останале без работа.

А, вие денеска зборувате за праведно оданочување. И верувајте дека ако го погледнете ребалансот, ги намаливте субвенциите за приватните претпријатија, а ги зголемивте субвенциите на јавните претпријатија. Тоа значи дека вашата партија не е пазарно ориентирана дека ги помага оние директори кои што имаа загуби, кои што работат криминално и не води внимание за добрите плаќачи на данок и на оние кои што навистина им е потребна помош – изјави Велјановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.