Вчера се сликаа со откупот на праски, како сè e во ред. Но, одете денеска во Росоман, штама е, атмосферата е траорна, рече вечерва Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан.

Луѓето денеска ги истураа праските на улица, ги сечеа дрвјата од очај. Сигурен сум дека утре владината ПР машинерија ќе го нарече ова фејк њуз и ќе тврди дека се е во ред, но јас велам ајде да одиме, ајде да одиме на лице место и да се уверите што навистина се случува, вели Мицкоски.

Тој посочи дека Заев и СДСМ пред да дојдат на власт во програмата ветуваа дека откупот ќе биде непречен, 150-200 денари ќе се плаќа за гајба праски.

Можеме до утре да се навраќаме како правел тој пред мене, тој пред него, и тој пред него, но реалноста е таа. Кога сте ветиле, а не исполнувате, зошто не си одите, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.