Горд сум на личната заложба, посветено време и работа на Владата во претходниот период за да денес во мојот роден крај започне реализацијата на терен на проектот за реконструкцијата и проширувањето на магистралниот пат Кр. Паланка – Деве Баир. Вредноста на оваа нова инвестиција на Владата е над 10 милиони евра со грант од 🇪🇺 од околу 2 милиони € – се пофали вчера Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ.

Фотографија од 6 февруари 2020 година

И додека тој вчера позираше пред градежна механизација и куп работници, денеска пусто на терен. Ни камион, ни работник… само снег и кал и траги од вчерашното сценарио.

Фотографија од 7 февруари 2020 година

Јавното претпријатие за државни патишта ја спроведе и заврши целата постапка и сега на почетокот на 2020 год. овој значаен проект за овој регион и целата земја започнува со реализација и треба да заврши за две години во целост – напиша Николовски.

Но пенкалото дава само празни зборови, но не и дела…

Фотографија од 7 февруари 2020 година
Фотографија од 6 феврѕари 2020 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.