Домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон, се дел од зеленчукот и овошјето за кои утре ќе се утврдуваат највисоките цени.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил, анализите на податоците за овие производи се завршени.

Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно, наведува Бектеши.

Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестенините, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.