Компаниите на Индустриска зона на Визбегово најавија дека утре ќе излезат на протест. Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Почитувани,
Ве известуваме дека утре од 10.00 чaсот до 10.30 часот Компаниите на Индустриска Зона Визбегово организираат ПРОТЕСТ во знак на револт поради предолгиот период на реконструкција на мостот на Јадранска Магистрала.

Имено ваквиот зафат ја блокира целата зона, го отежнува целото движење и го уназадува комплетно работењето.

Реконструкцијата на мостот се врши на потегот од Словенечка во правец Скопје до раскрсницата Момин Поток, каде што и ќе се одржи протестот.

Проследување на настанот ќе значи и ваша поддршка во решавање на овој проблем како и зголемување на свеста на уште многу проблеми кои се актуелни во зоната.

Со почит,
Здружение на компании од Индустриска Зона Визбегово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.