Дефинитивната одлука дали престојниот викенд ќе има продолжен полициски час ќе се носи утре. Како што рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, во текот на утрешниот ден Комисијата за заштита од заразни болести ќе донесе одлука која што ќе ја проследи до Централниот штаб во владата.

Го најавивме оваа недела отворањето на угостителските, но утре ќе знаеме дефинитивно, согласно стручните препораки. Утре ќе се знае и како ќе биде организирано и движењето за престојниот празничен викенд, рече Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.