Владиниот економски тим неодамна се пофали дека се постигнати големи успеси, а посебно го издвои овоштарството.

И тоа се случува во време кога овоштарите од Преспа не знаат што да прават со неоткупените 60.000 тони јаболка, кои со шлепери ги носат низ Македонија и ги подаруваат на сиромашното население.

Како гледа владиниот економски тим

Растот во 2018 година е цело време позитивен и тоа кажува дека точно знаеме што правиме и во кој правец ја носиме економијата и оти се случува она што го најавивме. Тоа кажува дека посветеноста на Владата, точната визија, добро одмерените мерки во економијата во сите сектори веќе ги даваат очекуваните резултати, рече Анѓушев на прес-конференција во Владата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски посочи дека во четвртиот квартал од минатата година е забележан и раст на земјоделството за разлика од претходните квартали кога имаше негативен тренд.

Тоа покажува дека земјоделството се стабилизира и излегува од континуираната негативна состојба што е резултат на нагорен тренд на зголемено производство и на зголемени обработливи површини, посочи Николовски.

Овоштарството, потенцира, бележи зголемување на обработливите површини од 5,8 проценти, во градинарството кај индустриска и конзумна пиперка има зголемување од 40 проценти, а намалување на површините за лубеница и други производи кои имаа сериозен вишок во претходниот период.

Како изгледа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.