Битолската компанија СВ Инвест доби уште еден договор за јавна набавка од ЕЛЕМ. Акционерското друштво за производство на струја АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) склучи договор со битолската фирма на 8 јануари 2020 година за технолошко чистење, поправка и оддржување на БТО-системите во ПК Суводол и ПК Брод Гнеотино.

Вредноста на овој договор е во вредност од 47,2 милиони денари или околу 764 илјади евра.

Во договорот меѓу АД ЕСМ и СВ-Инвест стои дека се однесува на период од 12 месеци, во кој компанијата има обврска да врши транспорт, да обезбеди алат и редовни плати за работа за вработените, да води градежен дневник…

Инаку, оваа компанија доби почна да добива тендери од АД ЕСМ за потребите на Рек Битола, при што некои и во постапка со преговори без претходно објавување на оглас.

Сопственикот на компанијата, Стојан Чифлигароски, јавно потврди дека се смета за пријател со братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев, меѓутоа демантираше дека поради тоа ги добивал тендерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.