Уште денеска и утре граѓаните ќе можат да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава ГДП. Веќе од понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни пријави.

Од Управата за јавни приходи вчера информираа дека потврдувањето и коригирањето може да се направи и за време на викендот, бидејќи крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден.

Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат Претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот (на 01 и 02.06.2019 година). Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, појаснија од УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.