На денешната 87-ма седница Владата го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците.

Со новите предлог-законски решенија предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сé со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на ова право на материјално обезбедување кое ќе го  остварат уште најмалку 1.100 невработени лица, односно стечајци.

Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242,00 денари до нивното пензионирање, а ќе опфати близу 13.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.