Вонредна социјална стипендија за студентите кои доаѓаат од најранливи семејства, имаат примања помали од 14.000 денари или останале без работа поради кризата со корона вирусот,бараат од Универзитетското студентско Собрание при УКИМ.

Студентите побараа и помош со компјутери или електронски уреди за оние најранливите кои не можат да ја следат он лајн наставата. Очекуваат од министерството за образование и надлежните да ги импементираат овие барања за студентите да почнат да се пријавуваат за една од дветемерки, зависно што повеќе им е потребно.

Оваа вонредна еднократна социјална стипендија, како треба да биде во износ од 6.000 денари, за да ги задоволи минимум потребите на студентите во следните неколку месеци. Покрената и иницијатива за прибирање податоци за студенти кои не располагаат со уреди за следење на наставата, и бараат донатор кој ќе ги обезбеди тие уреди. Апелираме до сите општестевно одговорни компании кои ќе ги исконтактираме да се одважат на повикот и да да им донираат на студентите електронски уреди за следење на наставата. Во тешка ситуација се семјствата коишто имаат повеќе од еден студент. Поради рестриктивните мерки од министерството за здравство и Владата, денес приходите на студентите се сведени на нула, изјавија Ефтимов и Колев од Универзитетсктото студентско собрание.

За ефективноста на он лајн наставата од студентското Собрание велат дека голем дел од професорите одржуваат наставата кога природата на материјата го дозволува тоа, но за практичната материја е поотежнато. Според нив он лајн полагањето не може да го гарантира квалитетот, ни условите во кои се полагааат испитите или колоквиумите. Затоа сметаат дека потребни се дополнителни сесии во летниот период штом студентите ќе бидат физички присутни на предавања и полагања.

За сите семејства кои останале без работа во месец април, Универзитетското студентско собрание бара да бидат исто така вметнати со уште една вонредна социјална стипендија исклучиво за овие семејства, а финансираат студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.