Со голема посетеност, вредни награди и одлична забава во саботата на 20 мај беше затворен третиот тениски турнир, организиран од УНИБанка во соработка со тенискиот клуб Мондано АБЦ.

Годинава турнирот ѝ се приклучува на прославата на 30-тиот роденден на Банката.

Преку градење релации со клиентите и вреднување на нивната лојалност, УНИБанка ја оствари целта и ја оправда укажаната доверба што му даде посебен печат на јубилејот.

Врската која ја градиме со своите клиенти особено е зацврстена, а тоа придонесува да бидеме современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените, велат од Банката.

Пред бројната публика настапија аматери, рекреативци, партнери, клиенти и вработени во банката. Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.

Турнирот со натпреварувачки карактер беше отворен на 15 мај, а во одличната атмосфера пред повеќе од 200 присутни клиенти се следеше финалниот меч на кој беа доделени и главните награди – инвестициско злато.

Покрај тенис и награди за возрасните, и годинава УНИБанка им овозможи и на најмладите да се забавуваат, да добијат бесплатен час по тенис.

Меѓу жените втора година по ред најдобар успех покажа Моника Бориќ. Таа ја совлада Ана Балевска и ја понесе првата награда – инвестициско злато од 5 гр. Финалистката Балевска се закити со награда инвестициско злато од 2 гр.

Машкото финале се повтори од минатата година. Во конкуренција од 34 наптреварувачи со инвестициско злато од 5 гр се закити Петар Трајковски, кој успеа да го совлада Робертино Николовски, кој освои инвестициско злато од 2 гр.

Со овие спортски денови покажавме дека банката се грижи за своите клиенти и преку градење релации и дружење надвор од строгите деловни рамки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.