УНИБанка изврши промени во тарифата за физички лица и објави промотивни услови за дебитните картички од брендот Mastercard.

Од средината на април до крајот на јуни, УНИБанка за своите клиенти – иматели на Mastercard дебитни картички овозможи БЕЗ ПРОВИЗИЈА подигнување готовина од банкоматите на СИТЕ банки во земјата .

По завршувањето на кампањата, УНИБанка воведува драстично пониски провизии за подигнување готовина од банкомат. Наместо досегашните 2 евра + 2% провизија, истите се намалуваат на 50 денари.

Целта на кампањата е банката да ги популаризира идните ниски трошоци при подигнување на готовината од ATM и воедно да го стимулира користењето на картичките.

Повеќе информации:

За повеќе информации: http://www.unibank.com.mk/

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.