УНИБанка ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Известувањето за исплатата на каматата е објавено од страна на Банката преку Соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаат сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21.07.2021г.

Како потсетување, во јануари 2019 година УНИБанка ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Република Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.

Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.
За повеќе информации: https://www.mse.mk/Repository/Catalogues/MK/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%BA%D1%82%20(FINAL)_20.02.2019.pdf

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ СО ИНВЕСТИТОРИ
Ѕвонко Станковски
Директор на Дирекција Трежри
Е-mail [email protected]

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.