УНИБанка АД Скопје, на 22.12.2021 година, ја прошири својата понуда на услуги и производи и за прв пат на македонскиот пазар воведе нов продукт – Трговија со благородни метали и инвестициско злато.

УНИБанка АД Скопје е првата Банка во земјата која увезува и тргува со инвестицискo злато што вклучува златни плочки со чистота од  999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од  900/1000 (22 карати) и со поголема чистота , согласно стандардот  “London Good Delivery” и се тргуваат на London Bullion Market Association  (LBMA). Банката набавува злато од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато.

УНИБанка АД Скопје им нуди на своите клиенти широк асортиман на златни производи по исклучително конкурентни цени, изработени со современи технологии и највисоки стандарди. Производите може да се погледнат во просториите на експозитурите Централа и Ист Гејт, како и на веб страната – www.unibank.mk

Производите кои се нудат на продажба  се со тежина изразена во грамови и тоа:  2; 5; 10; 20; 31,10 (1 трој унца); 50; 100 гр. и истите може да се купат во двете  експозитури. Клиентите имаат можат да нарачаат  производи со поголема тежина а истите Банката ги увезува за нивна сметка.

За повеќе информации на следните телефонски броеви:

Дирекција Трежри
02/3286-307
02/3286-143
02/3286-127

Експозитура Централа
02/3286-136
02/3286-122
02/3286-139

Експозитура Ист Гејт
02/3128-281
071/286-854

Комерцијален текст

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.