„УНИБанка” на 22.01.2020 година ја исплати втората полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници, со ISIN MKBLBA200011 и шифра на UNIPO. Исплатата беше официјално објавена од страна на банката преку соопштение до Македонската берза.

Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21.01.2020 година.

Како потсетување, во јануари 2019 година, „УНИБанка” издаде прва емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна, 9 отсто за првите пет години и се зголемува на 11 отсто по завршување на овој период. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1000 евра и е прв финансиски инструмент од тој тип на македонскиот пазар. Перпетуалната обврзница котира и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.