„УНИ Банка“ направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во „УНИ Банка“, Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Раководството на „УНИ Банка“ е благодарно за придонесот на Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.

Работните обврски на Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на „УНИ Банка“ – Делчо Крстев, Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова.

„УНИ Банка“ е една од наjбрзорастечките компании во земјата, со активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.