Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочените расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година. За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, поднесете Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.