Вкупно 313.473 граѓани заклучно со вчера добиле поврат на ДДВ за првото тримесечје од годинава со што се реализирани 392.105.912 денари.

Како што рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, исплатен ќе биде и останатиот мал процент средства.

Останат е уште мал процент да се врати назад кај корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ зашто имавме одредено техничко доусогласување откако се случи минатиот пат да имаме двојна исплата. Многу внимаваме во тој дел, да не ја направиме истата грешка. Навреме како и досега ќе биде реализиран повратот на средства кај граѓаните – истакна Лукаревска.

Таа уште еднаш апелира тие што ги немаат корегирано своите трансакциски сметки, да го направат тоа што поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.