Физичките лица корисници на апликацијата „МојДДВ“ од денеска ќе можат да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 година за борбата против вирусот Ковид-19.

Како што соопшти Управата за јавни приходи, за остварениот износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од оваа година, во апликацијата „МОЈ ДДВ“, преку опцијата „скенирам и донирам“, физичките лица ќе имаат можност да изберат опција за донирање на целиот износ на данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

Во апликацијата на располаѓање ќе бидат две опции, „ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и „НЕ, благодарам“, а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до петти мај 2020 година.

Физичките лица кои ќе одговорат потврдно, даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до петти мај.

Управата за јавни приходи од шести мај 2020 година ќе почне со исплата на парични средства за првиот квартал од 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.