Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со нова трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците – укажуваат од УЈП.

Оттаму посочуваат дека ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ.

Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај – се вели во соопштението од УЈП.

Од УЈП додаваат дека заради зачувување на измените по извршеното ажурирање, корисниците ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.