Телевизијата „24 Вести“ во вчерашната информација за тоа со каков имот располага поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој избега пред пресудата за случајот „Таргет Тврдина“, меѓу другото информираше дека Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на Бест Веј Инвестмент.

Компанијата ја поседува постариот син на поранешниот разузнавач, а истата води кон други пет фирми, кои пак влечат нов бран на сопствеништво на нова група фирми од различни дејности-нафта, градежништво, хотели, фармација, игри на среќа.

Токму преку Бест Веј Инвестмент и Дивелоп груп, Мијалкови имаат сопствеништво и во луксузниот хотел Мериот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.