Управата за јавни приходи во текот на 2020 на газдите не им блокирала ниту една сметка за неисплатени плати кон работниците. Ова го покажува билансот за неподмирените дваачки од бруто-исплатите за здравствено, пензиско и социјално осигурување, како и персоналниот данок, објавува Фактор.мк.

Долгот кон УЈП по овој основ бил зголемен во апсолутен износ за 845.249.117 денари или за 11,11 отсто повеќе во однос на една година претходно. Во 2020 година УЈП сепак редуцирано спроведуваше мерки за присилна наплата на неплатените даночни долгови.

Ова се должи најмногу на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба со која не се издаваше опомена за плаќање на данок и според тоа не можеше да се отпочне постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.

Уставниот суд лани на 24 јуни ја поништи Уредбата, но сепак остана влијанието од новото деловно опкружување и сите промени во однесувањето на даночните обврзници предизвикани од целокупната здравствена криза и новонастанатите услови во економијата, како и намалените можности УЈП да излезе на терен и вонредната промена на прописите.

За секој месец Управата за јавни приходи ги изготвува и доставува блокадите во динамика утврдена со Календарот на активности, така што од доставата на опомените до доставата на блокадите поминува времето што ги вклучува законскиот рок во кој електронската достава се смета за уредна, законскиот рок за плаќање по опомена и времетраењето на интерните активности за проверка на уплатите, изготвување на решенијата и сл., но секако пред доспевање на обврската за плаќање за следниот месец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.