Состојбата во државата поради ковид пандемијата станува се полоша. Музичарите се жалат, угостителите негодуваат – власта нема слух да помогне, нема реална помош во нити еден сектор. Угостителската комора реагира на мерките сметајќи дека поради пандемијата тие се многу погодени. Иако владата до сега спроведе четири пакета на антикризни мерки, а во најава е и петтиот пакет, тие велат дека нема позитивни резултати од тоа.

Од комората на угостители побараа итно донесување прецизни протоколи за работа. Воедно предупредуваат дека е прашање на недели кога ќе почне да згаснуваат угостителските објекти поради заостанати долгови со што ќе се зголемува и бројот на оние што ќе останат без егзистенција.

– Од околу 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор, само 132 добија комбинирана помош, односно поддршка за плата и неповратен грант за покривање на останатите трошоци. Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, а за другите трошоци, во услови на намалена деловна активност, самостојно обезбедуваа средства 11 месеци, речe на прес-конференција потпретседателот на комората, Мартин Ангеловски.

До сега сопствениците на угостителски објекти добија мерки како субвенции за исплата на плати, и некои протоколи за работа како огранчување на број на гости.

Тие до 21 јануари работеа до 18 часот. Владата им го продолжи работното време до 21 часот. Но, угостители и натаму се незадоволни. Бараат да работат до 23 часот, зашто не бележеле зголемен промет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.