Угостителите  бараат што побрзо да добијат насоки за тоа како ќе работат хотелите и како ќе се организираат свадбите во рестораните.. Тие не се затворени со уредба но кризата со вирусот ги остави празни сместувачките капацитети.

Министерот за економија Бектеши вели дека за фунцкионирањето на хотелите и организирањето на свадбите се разговарало вчера и на владина седница, но крајниот збор за тоа ќе го има Комисијата за заразни болести. Сепак е оптимист и очекува не до крајот на годината, туку многу порано рестораните да може да организираат свадби.

Угостителите се надеваат дека ќе им биде продолжено и работно време по вчерашната владина одлука да нема полициски час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.