Министерот за земјоделие Аријанит Хоџа кој знае колку пати се прошета до Прилеп на разговори со Тутунарите и ништо не реши. Тутунарите пред 6 месеци предупредуваа за состојбата со остатокот од тутун. Сега откупните центри се под клуч а тутунарите трпат поради немањето кворум во Собрание и внатрепартиските задкулисни игри на власта. На 34 седница не е изгласан дневниот ред а точката за измените на законот за тутун е под реден број 68 и 69, но не се знае кога претседателот на собранието Талат Џафери би свикал продолжение на таа седница.

Клуч на откупните центри а кога повторно ќе се врати откупот на тутунот сеуште никој не знае. Тутунарите кои имаат големи количина на тутун за предавање се во паника дали ќе се откупи вишокот тутун за кој не се предвиде навреме да се поднесат измени на законот па сега целата работа заглави во собранието кое никако да собере кворум за да го одблокира откупот на тутунот со измена на законот.

Дел од тутунарите организирани преку ново формираното здружение денеска беа во собранието на средба со пратеникот Јахоски кој е еден од пратениците кои сметаат дека се потребни законските измени на законот за тутун. Добиле уверување дека се прават напори деновиве односно најверојатно денес да се стави точката на дневен ред во собранието и да се донесе по брза постапка со важност веднаш по донесувањето.

Од Собранието велат дека за 34 седница не е изгласан дневниот ред, а точката за измените на Законот за тутун е под реден број 68 и 69, но не се знае кога претседателот на собранието Талат Џафери би свикал продолжение на таа седница.

На терен, особено во долненскиот регион,  состојбата е критична бидејќи таму има најмногу тутун останато. Според грубите проценки на тутунарите за откуп чекаат повеќе од 3 илјади тони на тутун кој главно е без договори но има и неоткупен тутун со договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.