Маките на тутунарите кои премиерот Зоран Заев и покрај крупните ветувања ги остави на цедило, немаат крај. Годинава во нивните џебови ќе завршат над 20 милиони евра помалку, заради лошата откупна цена и грабежот кој им се правеше пред очите на целата јавност, а државата никаде ја немаше.

Сега кога требаше да се радуваат на парите за кои маки мачеле цела година, тие се уште се влечат по пунктови и неизвесна е нивната судбина и на вишоците тутун кои според нив вештачки е создаден од откупувачите при склучувањето на договори и наместо 250 до 300 килограми од декар годинава се вршеле пресметки на 160 до 170 килограми па заради тоа се јавуваат вишоци.

Некои од нив кои имаа договори со Далија Табак која го откажа откупот се принудени тутунот да го носат и по сто километри и да го продадат за катастрофална цена со која нема ништо да однесат дома, но мораат да го продадат за да не го пропуштат законскиот рок и да им остане непродаден.

Иако се тврди дека ќе се откупи целиот тутун, па и вишокот, тутунарите се се уште под стрес и притисок на времето бидејќи со оваа динамика на откуп нема да се соберат сите количини до крајот на февруари кога е крајниот рок.

Од ваквата неорганизираност и тоа што државата е само набљудувач во целиот процес иако нејзина задача е да ги заштити земјоделците во вакви ситуации, тутунарите се чуствуваат беспомошни од неможноста дома да однесат некој денар дома за да го прехранат семејството.

Најчист пример за тоа во каква состојба се наоѓаат тутунарите е и случајот со 53-годишниот тутунар од долненско, татко на четири малолетни деца , кој за жал починал на пунктот откако неколку дена по ред се обидувал и молел да предаде некој пакет тутун, за да си го прехрани семејството и како што кажуваат тутунарите овој е втор ваков смртен случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.