По аудиоснимката што ја објави Лидер, со реакција се јави дополнителниот заменик-министер за земјоделие Цветан Трипуновски и побара одговорност од засегнатите, притоа порачувајќи дека одговорност мора да има како политичка така и кривична.

Зоране, Љупчо, Трајане, потонати сте во криминал. Ќе одговарате, за секоја уцена, закана и притисок. Три години цели семејства, жени и малолетни деца живеат во страв од вашите пајташи и нивната аздисаност.

Целата криминогеност и изопаченост на оваа влада во секторот земјоделие денеска излезе на површина. Томе Мојсовски, советник во кабинетите на Љупчо Нилоловски и Трајан Димковски се заканува врз цели семејства за да се изврши неговата наредба.

После ова се е јасно. СДСМ функционира како мафијашко здружение. Се закануваат и уценуваат. Овој административец ( Томе Мојсовски ) кој е платен со народни пари глуми Ал Капоне. Заплашува народ.

Со страв владееја, но веќе се е на виделина. Никој повеќе не им се плаши. На народот му се гади. Земјоделецот го донесовте на питачки стап, а вие аздисувате. Вака повеќе не може. Вака повеќе не смее.

Ги повикувам надлежните органи, веднаш, во најбрз можен рок да постапат по однос на овие индиции за противправно влијание и притисок.

Заев, Николовски и Димковски мора да сносат одговорност. И политичка и кривична. Одговорност веднаш!, заклучува во својата објава заменик министерот Цветан Трипуновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.