Политиките кои што ги води помалиот коалициски партнер во владата на ДУИ, СДСМ или се задоцнети или се промашени. Најголем дел се промашени, а конкретно за оваа мерка е задоцнета, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.

Трипуновски потенцираше дека владата на СДСМ требало да ги замрзни цените на овошјето и зеленчукот кога се увезувале во државата, а не сега да ги замрзнува цените на домашното производство кои се далеку под производните и со тоа директно удира врз македонските земјоделци.

Ако сакаше владата да работи во интерес на граѓаните и да се заштеди сериозна сума на финансиски средства кои што се удар врз фамилијарниот буџет, требаше цената на земјоделските производи овошје и зеленчук да ги замрзне пред почетокот на календарската година, бидејќи тогаш кило краставица во јануари која што е од увозен карактер се продаваше од 180 до 200 денари. И таа маржа тогаш требаше да се корегира и да се намали за да нема негативен ефект врз граѓани. И сега ние имаме кога со месеци задоцнето реагирање и кога стасува домашното производство владата ги замрзнува цените кои што се далеку пред производните и тука се удира врз грбот на македонските земјоделци – рече тој.

Трипуновски истакна дека поради погрешните и погубни политики изумира земјоделието во Македонија, а за тоа како што рече тој говорат и статистиките за 2022 година.

Прво во Македонија земјоделството изумира и затоа денеска имаме се по намалено по количина и по површина на единица производство земјоделски производ без разлика од која култура е. И во тој дел Македонија е повеќе увозно зависна. Ако во минатото сме биле извозно ориентирани, денеска се повеќе увозно зависни и за тоа говори и статистиката која за 2022 година трговскиот дефицит е околу 316 милиони евра. Денеска Македонија се наоѓа во состојба да моли за храна од соседните држави и од регионот. И зошто е тоа така, бидејќи пред неколку дена излегува министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој е најповикан и вели дека замрзнувањето на цените не влијае на приходот на земјоделците. Па знаете каков удар е ова за секој земјоделец – праша Трипуновски.

Трипуновски нагласи дека владата на СДСМ е највиновна, бидејќи не прифатила ниту едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради тоа денеска има скапо производство бидејќи не ги намалила давачките за репроматеријали, пестициди и акцизата за нафта за земјоделците.

Кога имаме услови на скапо производство, кога државата требаше да интервенира, да помогне за производството, да ги олесни и намали трошоците, тоа не се случи. Ние два пати апелиравме да се намали акцизата на нафтата за земјоделците, но тоа не се прифати , апелиравме да се помогне во делот на вештачки ѓубрива и тоа не се прифати, апелиравме да се намалат давачките за репроматеријали и пестициди и тоа не се прифати. И сега имаме скапо производство и треба некоја да го плати, а тоа што се преспа периодот за тоа никој не е крив. Ова што се случува се виновни СДСМ, нивните погубни политики – објасни Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.