Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари.

Високата цена на брашното и лебот пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство,изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој додаде дека погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови.

Трипуновски истакна доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад.

ВМРО-ДПМНЕ предлага Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз.

Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена.

Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари.

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза, изјави Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.