Денес на прес конференција без грам срам и доблест слушам како СДСМ се фалат дека се грижеле за земјоделците.

Почитувани елитисти од власта, нема земјоделец кој не ги почувствува вашите погубни политики, нема земјоделско семејство кое не заплака од вашата неспособност, нема земјоделска гранка која не пропадна од вашата некадарност. Изминативе години нема земјоделски производ кој наместо на европските пазари заврши на буниште.

Ветувавте живот, донесовте глад и беда!

Ветувавте сигурен пласман и високи цени, а нема регион каде не отворивте по една депонија од земјоделски производи.

Ги доведовте до питачки стап и лозарите, оризарите, градинарите, сточарите , а за тутунарите воопшто и да не збориме зошто 30 000 семејства ги оставивте без егзистенција. Каде ви се инвестициите, модернизацијата, каде ви се системите за наводнување ?

Денес излегувате и се фалите со поделени субвенции, да оние субвенции кој ВМРО ДПМНЕ ги воспостави како пракса вие денес ги злоупотребувате и не можете ни да ги поделите на време. Денес со истите сакате да извршите предизборен поткуп, но нема да ви помине затоа што сте прочитани.

Почитувани земјоделци и ова зло ќе помине и доаѓаат подобри времиња за вас и сите граѓани во Република Македонија!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.