Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека срамота е власта да лаже дека се исплатени субвенциите.

-Срамота е да лажете дека сте исплатиле субвенции, а имате неисплатени субвенции и за 2017, 2018 и 2019 година. Не знам која ви е целта со овие празни пресконференции кога земјоделците не сакаат очи да ви видат затоа што ги излажавте. Ветивте и сигурен откуп и високо откупни цени, 4 години родот завршува на буниште. Земјоделецот е без егзистенција. Од таканаречената зелена нафта немаат ни за една бразда да повлечат, а вие потрошивте милиони за картички… Очигледно друга ви е целта. Време е да се стави крај на ова лицемерие. Време е за промени, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.