Она што може да се забележи на терен е дека имаме едни лоши политики коишто земјоделецот го оставаат без сигурна егзистенција во овој регион и во цела Република Македонија – изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за време на неговата посета на битолскиот регион.

Во изминатиов период во Министерството јас предочив и воочив некои неправилости коишто се случувале, преупредив на лошите политики коишто ги води Министерството и за жал таа ситуација се отсликува на терен – рече Трипуновски.

Самите земјоделци имаат забелешки во делот на селективната исплата на субвенциите, погрешни мерки, едноставно нема сегмент каде што нема некакви забелешки од актуелната власт, односно од политиките коишто се имаат креирано во овој земјоделски сектор.

Она што е важно во разговорите е дека подобрите времиња допрва доаѓаат за македонскиот земјоделец кои што со формирање на новата влада, македонскиот земјоделец ќе биде на врвот на приоритетите и сите оние мерки коишто ќе ги креираме и спроведуваме ќе бидат во интерес на подобро земјоделско производство, односно македонскиот земјоделец ќе биде оној којшто ќе почуствува дека од другата страна има партнер којшто ќе се грижи за неговата работа и за трудот да му биде правилно вреднуван – додаде Трипуновски.

Тој посочи на неговите забелешки за отстапување од законското работење во некои подрачни единици.

 Во делот на подрачните единици јас во неколку прес конференции воочив дека има сериозни отстапувања за она што значи законско работење. Конкретно во оваа Подрачна единица во наредниот период ќе остварам посета и ќе разговарам за сите актуелни ситуации. Меѓутоа она што сакам да го генерализирам во делот на подрачните единици е дека за жал има отстапки во делот на законско работење, јас како што кажав во неколку прес конференции открив некои неправилности за коишто ќе поведам постапка,се со цел дека мора да се работи согласно законот и согласно прописите. Оваа категорија којашто јас ја работам односно земјоделците се категорија која знаат да произведат коишто знаат да пласираат земјоделски производ, а државата треба да создаде услови и да биде гарант. Подрачните едници треба да бидат сервис на земјоделците, а не да бидат затворени и да бидат селективни во својот пристап – посочи Трипуновски.

Во однос на актуелните состојби со откуп на земјоделското производство, Трипуновски рече дека проблеми има во секој сегмент

Во Пелагонија најголем дел од дискусиите коишто ги водиме во делот од сточарството, односно млекопроизводството, тука имаме сериозни забелешки од сточарите дека млекото има цена којашто не е рентабилно, едноставно го доведува до прашање нивното производство. Некои од сточарите веќе ми најавија дека планираат да го намалат своето стадо, заради тоа што немаат рентабилност. Она што јас го кажав како ветување е дека во наредниот период со сериозни мерки и политики ќе ја вратиме надежта во овој сегмент. Во делот на тутунопроизводството јас изминативе неколку дена апелирав дека има сериозни отстапки во тој дел, во делот на проценката на тутунот затоа што според мене не е само да се откупи секој килограм, треба и проценката да биде реална затоа што тие земјоделци, тутунарите цела година работат и едноставно ова е моментот кога сакаат да си го валоризираат трудот. За жал тоа не е реалност се случуваат сериозни отстапки, меѓутоа исто така не знам од која причина, ниту министерот ниту инспекторатот не посветуваат сериозно внимание се со цел да го спроведат законот на терен. Во знак прашање е дали ќе се заврши целиот откуп и едноставно ќе биде цела количина откупена, затоа што имаме еден несериозен однос на министерот и инспекторатот, на директорот на инспекторатот и ги оставаат земјоделците и тутунарите сами да се справуваат со оваа тешка ситуација – изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.