Квази мерката зелена нафта на Зоран Заев е уште една неефективна популистичка мерка, од која земјоделците нема да имаат никаква корист. Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Да само за половина од македонските земјоделци ќе има таканаречена зелена нафта – обелодени   членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

Во нормални услови ќе прашавме по кои критериуми истите ќе се делат, но земајќи ја во предвид ситуацијата дека картичките и не овозможуваат големи поволности, заклучокот е едноставен, ова е класично замачкување на очи на македонските земјоделци. Имено според направените пресметки намалувањето на трошоците кое ќе го имаат земјоделците во нивното производство со оваа таканаречена мерка изнесува помеѓу од 1 до 3% – додаде тој.

Зелена нафта е само козметичка мерка. Истата не ги решава проблемите на македонските земјоделци. Земјоделците имаат проблем со пласманот и со цената на земјоделските производи. Доколку власта навистина сакаше да им помогне на земјоделците со зелената нафта, ќе овозможеше достапност на сите земјоделци до картички и до оваа мерка, и ќе ја намалеше односно ќе ја укинеше акцизата за нафтата од 3.5 денари со што ќе го донесеше македонскиот земјоделец во рамноправна положба – потенцираше Трипуновски кој посочи:

Поради лошите политики во земјоделието. Поради се попразните села и необработените ниви, поради младите кои се иселуваат од Република Македонија, СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.