Владата се однесува неодговорно, и ги остава цените на брашното и лебот да растат. Народот од ден во ден плаќа поскап леб. Цената на брашното изминатат година е зголемена за 40%, а на лебот и до 110%, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја повика повторно владата, доколку навистина стоковите резерви со пченица се полни, веднаш да интервенира на пазарот, за да се намалат цените на брашното и лебот.

-Доколку не интервенира на пазарот отворено се сомневаме дека државата е оставена без доволно стокови резерви во ек на криза, и за тоа некој треба да понесе одговорност. Дополнителен сомнеж внесува објавата на социјалните мрежи на Љупчо Николовски, кој вели дека договорил увоз на пченица од Бугарија, по што веднаш уследи реакција од комората на мелничарите и трговците, од каде изјавија дека нашите компании немаат договорено пченица со Бугарија, туку со добавувачи од Србија, па изразија сомнеж за кого Николовски ја договара оваа пченица? Ако мелничарите и трговците немаат договори за увоз на пченица од Бугарија, за кого тогаш Николовски договара увоз, дали всушност се работи за полнење на државните резерви, што се исклучува како можност, бидејќи владата тврди дека резервите се полни, или пак се работи за договарање на увоз за фирми блиски до власта, кои треба да извршат реекспорт на истата пченицата, а некој од тоа дебело да профитира?, прашува Трипуновски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.