Системот на институции за безбедност на храна и заштита на здравјето на луѓето од заразни болести во Репубилика Македонија не функционира. Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и ДЗСИ скоро една недела молчат во однос на скандалот со труење на луѓе со храна од една скопска сендвичара. Шест дена му треба на Центарот за јавно здравје Скопје да ја извести Агецијата за храна и веретинарство дека една сендвичара во градот е извор на зараза и труење на десетици наши сограѓани, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Спротивно на член 23 од законот за заштита на населението од заразни болести однсно лабараториите се должни веднаш а најдоцна во рок од 48 часа од утврдување на секоја излоација на причинител да пријават до надлежен Центар за јавно здравје , Агенцијата за хра, министерство за здравство, Агенијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Потребно беше да реагира преку изјава за медиумите со цел системот на институции кои треба да водат сметка што јадат нашите сограѓани да излезат и да почнат да си ја работат работата Дури вчера 3 јули 5 дена од првите лица кои што се пожалија на труење од Агенцијата за храна и ветеринарство известија дека излегле на терен. Срамота и класична неработа. Молчењето на инстиуциите и бавниот начин на работа е одлика или на неспособност или на свесно прикривање на субјеките од чии прозиводи се затруле голем брј на граѓани. И за едното и за другото одговорност треба да има, изјави Трипуновски.

Јавно прашувам, зошто затаи системот за безбедност на храна и притоа институциите не постапуаат согласно нивните надлежности. Зошто скопската сендвичара не беше ведна веднаш затворена д агенцијата за храна и ветеринарство и од државниот здравствен и санитарен инспекторат и продолжи со работа по земањето мостри од храна но не и брисеви од работните површини за утврдување на вистинската причина за труење кај граѓаните, кажа Трипуновски

Зоране не си го троши времето за деманти, доколку професионално си ја вршеше работата заедно со твојот раководител на сектор за инспекциски надзор барем ќе побараше информација колкумина побарале помош на скопските клиники и на време ќе го детектираше изворот на зараза.Ги повикувам надлежните институции веднаш да го расчистат случајот и да има содветни постапки за сите засегнати страни. Одговорноста е голема. Штетите можат да бидат поголеми и потрагични. Во прашање е здравјето на потрошувачите поради небезбедната храна која што ја конзумираат, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.