Се наоѓаме пред браната Турија, како што гледате и сами нивото на водата во ова езеро е четири пати намалена од вкупната количина. Моментално во езерото има нешто над 23% вода од вкупниот волумен кој што може да биде прифатен. Зоран Заев и оваа Влада несовесно управуваат со водниот фонд и ги пресуши езерата, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски додаде дека езерото Турија и покрај за вода за пиење се користи и за наводнување на земјоделските површини.

Годинава што помина немаше доволно вода, и како што продолжува Владата со несовесно управување на водниот ресурс под голем знак прашалник се доведува и идната земјоделска производствена сезона. Езерото Турија е клучно езеро за струмичкиот регион. Илјадници земјоделци зависат од водата на ова езеро, заклучи Трипуновски.

Трипуновски посочи дека со оваа власт езерата се во опасност од исчезнување и пресушување. А, последиците ќе траат неколку години.

Време е оваа власт да си замине и под итно да се преземат неопходни чекори кои што се од суштинско значење и за земјоделството и за енергетиката, нагласи Трипуновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.