Го слушам како Зоран Атанасов се фали дека исплатиле субвенции на земјоделците, а притоа заборава да каже дека тоа не се субвенции кои што СДСМ ги дава, туку тоа е обврска на секоја влада, да го работи и исплати она што е и должност – коментира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во статусот на неговиот фејсбук профил наведува дека во недостиг на проекти, на подобрување на стандардот на македонскиот земјоделец Зоран Атанасов кој до вчера бил директор на Агенција за храна и ветеринарство, а кој патем ја уништил институцијата поради неспособност и неработа, го потценуваат трудот и маката на земјоделците.

Го доведовте земјоделецот до питачки стап, работејќи само за својот личен интерес.
Ама тоа се СДСМ. Слаба страна им е работата, ама јаки се на зборови.
Зоране, вака држава не се прави, вака само се купува на време. Време кое најмногу оди на штета на земјоделците.
Но, доаѓа крајот на власта. Доаѓа крајот на потценување на земјоделците.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе води вистинска грижа за земјоделците, затоа што за нас важи правилото, богат земјоделец, богата држава.
И ќе работиме, сите заедно ќе го подобриме стандардот и егзистенцијата на земјоделците, а владата на СДСМ и Зоран Заев ќе може слободно да учи како се вреднува трудот и маката на земјоделецот.

Го слушам како Зоран Атанасов се фали дека исплатиле субвенции на земјоделците, а притоа заборава да каже дека тоа не се…

Posted by Цветан Трипуновски on Sunday, 7 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.