Наместо СДС и Трајан Димковски да кажуваат лаги и манипулации во кои и тие самите не веруваат, треба да кажат пред јавноста зошто субвенциите се уште не се исплатени, зошто е намален сточарскиот фонд и зошто од Македонија направија увозно зависна земја од храна?, пишува во статус на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Ако навистина е толку добро како што се фалат тогаш зошто секоја недела има по најмалку еден протест од земјоделците како резултат на незадоволство од негрижата и незаинтересираноста на владата на СДС, Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски?

Денеска за жал додека владата живее богато, земјоделците едвај преживуваат. Секоја гранка во земјоделството ја уништивте. Единствената вистината е дека македонскиот земјоделец никогаш порано не бил волку потценет и омаловажуван.

П.С. Трајан ти порачувам наместо да држиш прес конференции, можеби е подобро да им се придружиш на земјоделците и директно од нив да ги слушнеш проблемите со кои се соочуваат,. А да и не би било лошо да го повикаш најнеспобниот министер Николовски кој наместо да шета по белиот свет да почне навистина да се грижи за земјоделците.

Земјоделците повеќе не ви веруваат, прочитани сте и затоа бегате од предвремени парламентарни избори, вели Трипуновски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.