Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ вели дека е убеден дека подолг временски период е кроен план за затворање на банката.

Убеден сум дека тоа е план кроен многу одамна, и сега дојде време на финализација. Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удар се убиваат две муви. Македонски пошти се ставени на колена, ќе има отпуштања на вработени, вели Костовски.

Тој најавува дека СДСМ планира приватизација на пошта, односно како што рече ако „ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ“. Веќе има и најава, размена на територии, условно кажано, вели Костовски.

Ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ. Видете вака тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно, со еден удар две муви убија. Банката ја уништија, македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања, ќе ја купи некој за евтини пари, вели Костовски.

Тој додаде дека банката има доволно капитал да ги подмири сите оштетени, но само доколку стечајот заврши во максимално брз временски период.

Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и некретнини кои што ќе ги подмират сите оштетени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо, посочи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.